Фантастичен меч одиграа Болоња и Милан синоќа кој заврши со победа на гостите од 4:2. Милан водеше со 2:0, Болоња остана со играч помалку, а покрај тоа израмни на 2:2, еден погодк беше автогол на Ибра, а во 58-та минута Болоња доби уште еден црвен картон, па до крајот на мечот играа со 8 играчи во поле.
И во една ваква ситуација се држееа до крајот на мечот. Прво Бенасер во 84-та постигна гол за 3:2, а точка на мечот, односно конечните 4:2 ги постигна Ибрахимовиќ во 90-та минута.
На овој меч Ибра два пати влезе во историјата. Прв пат кога постигна автогол, со што стана најстариот фудбалер во Серие А кој ја затресол сопствената мрежа, а потоа во 90-та минута со голот за 4:2 исто така влезе во историјата како четвртиот фудбалер со 40 или повеќе години постигнал гол во Серие А.
https://twitter.com/manutdcomrade/status/1452181945350344708?s=20https://twitter.com/piqaAsia/status/1452012984163733504?s=20