Екипата на Барнли после само една сезона во Чемпионшип успеа да се врати во Премиер лигата и тоа во голем стил. Тимот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на првата позиција на табелата со дури 19 поени повеќе од третопласираниот Лутон, а до крајот на сезоната во игра се уште 18 поени.
Барнли промоцијата ја обезбеди синоќа откако на гостински терен го совлада Мидлсборо со 2-1. Во составот на Барнли не беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој после репрезентативните настапи се пожали на повреда.
https://twitter.com/BurnleyOfficial/status/1644461504010366980?s=20
https://twitter.com/BurnleyOfficial/status/1644456773510725633?s=20