Првиот сет беше решен во осмиот гем, кога Американецот направи брејк без загубен поен и поведе со 5-3, по што лесно стигна до 1-0, а во вториот сет се водеше голема битка, при што Германецот мораше да спасува две меч-топки и во голема драма го доби сетот со 7-6, односно 12-10 во тај-брејкот.
Зверев направи брејк на самиот старт на третиот гем и потоа со многу мака го задржа водството, кое го круниса со триумф и освојување на сетот со 6-2, а воедно го доби и мечот кој беше најдолг во историјата на Акапулко и траеше три часа и 22 минути.