Унион полека го губи чекорот со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, веќе трет меч по ред не знае за победа во Бундес лигата.
Шалке постигна многу важна победа, откако славеше на теренот на ривалот за опстанок, Бохум со 2-0. Риеман во финишот од првиот дел си постигна автогол, а Балтер во 79. минута го даде вториот гол за гостите.
Аугсбург го совлада Вердер со 2-1, а Мајнц славеше против Хофенхајм со 1-0, со голот на Леандро Бареиро. Немаше голови и на мечот Борусија Менхенгладбах – Фрајбург.