Руското финале во Дубаи не траеше долго, Медведев со 6-2 и 6-2 експресно го совлада Рубљов и го освои трофејот.
Данил Медведев одигра фуриозен турнир, релативно лесно го победи и Новак Ѓоковиќ во полуфиналето, а сега само покажа дека тоа не беше случајно и заслужено ја освои титулата.