Фудбалската федерација на Македонија одреди мега-премија, најголема во историјата на националниот тим, за пласман на Светското првенство во Катар. Фудбалерите ќе поделат фантастични 4,5 милиони евра доколку успеат да ја елиминираат Португалија и обезбедат место на мундијалот.
Мотивите секако се огромни, но сега и финансиската мотивација е врвна. И дополнителни 500.000 евра кои ги вети и премиерот Димитар Ковачевски од владата.