Во пресрет на утрешниот натпревар со Романија, чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски, даде изјава на денешната прес конференција.
„Мојата цел ќе биде како и на првиот натпревар, ќе се обидам заедно со соиграчите да не бидам совладан. На претходните два меча шансите на противникот се минимизирани, тоа зборува за нашата добра поставеност во дефанзива и дека целосно ги разбираме тактичките барања на селекторот.” – изјави Столе.
“Одигравме одлични 75. минути во Исланд, направив грешка за првиот гол, а потоа ни се случи психолошки пад. Но, анализиравме, работевме на сите аспекти во играта и се надевам дека утре ќе бидеме на високо ниво“. – заврши Димитриевски.