Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Севиља со 2:1 во 15. коло од Ла Лига.
До триумфот во дербито од оваа рунда од натпреварувањето стигнаа по пресврт, а херој беше Винисиус Јуниор.
Тимот од Андалузија поведе преку Рафа Мир во 12. минута со прецизен удар со глава по корнерОТ изведен на Акуња.
Дваесет минути подоцна Карим Бензема го израмни резултатот , кога по ударот од 30 метри на Едер Милитао , голманот Боно лошо реагираше и францускиот напаѓач немаше тешка задача топката да ја смести во празната мрежа .
Во продолжението од дуелот немаше многу шанси, а најубавите шанси ги пропуштија Марко Асенсио на двапати и Давид Алаба .
Сепак, Винисиус прерасна во херој на кралскиот клуб, бидејќи во 87. минута упати неодбранлив удар во горниот агол од голот на Боно. Милитао упати одлична дијагонала а Вини Јр. на маестрален начин со прием се ослободи од својот чувар и упати неодбранлив проектил кон голот на гостите .
Реал дополнително се зацврсти на врвот на табелата со 33 бодови и има четири повеќе од Атлетико и Сосиедад.
Следува четвртопласираната Севиља која досега собра 28 бода.
Во следното коло Реал го чека Билбао, додека Севиља ќе му гостува на Виљареал.