Конкуренцијата во репрезентацијата на Бразил е жестока, а на тренингот во Торино пред почетокот на Мундијалот во Катар не се штедеа ѕвездите, па двајца од нив заработија повреди.
Бруно Гимараеш и Алекс Телеш се повредија, по што бразилскиот селектор Тите мораше да го прекине тренингот во еден момент за да им нареди на своите фудбалери да не бидат премногу груби кон своите сонародници.
Бразил на стартот на Светското првенство (СП) ќе игра против Србија на 24 ноември, а потоа следат пресметки со Швајцарија на 28 ноември и против Камерун четири дена подоцна.