Фудбалерите на Ривер Плата синоќа беа поразени на свој терен од Росарио со 2:1 во натпреварот од 26.коло.
По одличната серија на победи ,синоќа Ривер неочекувано прокоцка се пред своите навивачи и со тоа не го искористи поразот од Бока Јуниорс за да заостанува само еден бод зад лидерот на табелата.
Со оваа победа Росарио се смести на средината на табелата, а сигурно не можеше да биде послатко за тренерот на овој клуб Карлос Тевез кој успеа да освои три бода против својот најголем ривал и тоа на гостински терен.
Гостите победија со головите на одличниот Велиз, додека Суарез во самиот финиш на натпреварот го постигна единствениот гол за Ривер, но тоа не беше доволно за домашните да избегнат пораз.
Сепак, деталот кој го одбележа синоќешниот натпревар се случи во 14. минута од судиското надополнување, а во центарот на вниманието беше Хуан Кинтеро.
На теренот видовме вистински хаос, а на крајот играчот на Ривер доби директен црвен картон поради туркањето на судијата.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=70&v=tSwuaOtAZ-s&feature=emb_logo
Имено, главниот судија Еченике случајно го закачи Кинтеро со раката на по лицето, а тој прво размислуваше дали да се преправа дека добил силен удар или да остане на нозе.
На крајот реши дека нема смисла да глуми кога сфати дека судијата е тој што го удри и реши да возврати, што воопшто не беше паметен потег.
Потоа Кинтеро го оттурна судијата , кој без многу размислување му покажа директен црвен картон и патот до соблекувалната.
Домашните играчи силно негодија, но на Кинтеро му беше јасен што направи и дека такви работи нема да се толерираат, без разлика што судијата прв го удри, но јасно без никаква намера.