Норвешката гол машина Ерлинг Халанд има фантастична прва сезона во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, сезона која не е завршена затоа што следат уште два последни испити, предизвици кои можат да значат испишување на историја.

Клубот од „Итихад“ го одбрани пехарот во домашниот шампионат, но има можност да додаде уште два важни трофеи во своите витрини и тоа оној во ФА Купот и Лигата на шампионите. Тоа се дуелите против Манчестер Јунатед и Интер, дуели на кои „граѓаните“ со победи ќе го повторат успехот на славната генерација на „црвените ѓаволи“ од 1999 година.
-Ќе биде нереално да ја испишеме таа историја. Поради тоа ме донесоа, да го освоиме и тоа не треба да го криеме. Ќе направам се што можам за да тоа се оствари. Тоа е мојот најголем сон и се надевам дека соништата ќе се остварат.

-Ама нема да биде лесно, тоа се две финалиња против два добри тима кои ќе направат се што можат тоа да ни го уништат. Тие ќе бидат мотивирани, ќе бидат подготвени и ние мора да одиграме најдобро што можеме, бидејќи ако одиграме најдобро, имаме навистина добри шанси тоа да го постигнеме, -порача Халанд за „Би-Би-Спорт“.

Утре се игра финалето на ФА Купот, додека наредната седмица е закажана пресметката за европскиот пехар.