Рaфаел Надал го победи првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос со 3:1 во сетови (6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (4)). Натпреварот траеше повеќе од четири часа, по што Шпанецот се пласираше во полуфиналето на големиот турнир во Париз.

Пензионираниот тенисер, а денеска стручен коментатор Џон Мекинро ја коментираше опомената која Надал ја доби поради трошење премногу време пред сервис. Судијата го предупреди тенисерот кој 13 пати го освои Ролан Гарос дека неговиото време за сервис е истечено.

Мекинро рече дека не разбира дали има смисла да се одбројува времето ако правилото не се спроведе. “Треба да бидете казнети. Ако сакате да го направите тоа, направете го тоа, инаку не се ни замарајте. Тоа е како да се шегувате со сите. Смешно е, тој повторно гледа во часовникот. Повторно оди до граница на истекот”, коментираше Мекинро .

Шпанецот во полуфиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев, кој во четвртфиналето по три часа и 20 минути го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 6:4, 6:4, 4:6, 7:6 (7).