Србинот Новак Ѓоковиќ имаше одлично отворање на Олимписките игри во Париз. Српскиот тенисер без никаков проблем го совлада Метју Ебден од Австралија.
Ѓоковиќ за помалку од еден час го среди првиот противник на Олимписките игри. Ебден изгледаше тотално немоќно, првиот сет беше перфектен, Ѓоковиќ го доби со 6-0, во вториот загуби само еден гејм, беше 6-1.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Надал и Фучович, меч кој се игра утре.
Сигурен настапи имаше и Карлос Алкараз кој во два сета го совлада Хабиб. Шпанскиот ас победи со 6-3 и 6-1.