Една грешка на Касемиро во предавањето на топката на 25-метри, отвори шанса за Беренгер, кој со дриблинг се ослободи од чуварот, а потоа прекрасно погоди во мрежата на „кралскиот клуб“ за да донесе ерупција во баскиската престолнина, а со тоа Атлетик Билбао да му се одмазди на најтрофејниот шпански клуб за загубеното финале во Суперкупот во Ријад (Саудиска Арабија) пред нешто повеќе од две недели.

Баскијците ги надиграа „кралевите“ откако Карло Анчелоти ги измеша картите со тимот, но Касемиро беше трагичарот зашто во завршницата имаше одлична шанса, која не ја реализираше, а после по негов кикс Реал прими гол. Во судиското надополнување Иско имаше супершанса, која не ја искористи за да го спаси мадридскиот великан биејќи крај голот.

https://twitter.com/FootbaIlForYou/status/1489363811773476865?s=20&t=z9cDUey1FUXBwMdkfTIdDA

Билбао пред овој меч ја елиминира и Барселона, па сега им се придружи на Рајо Валјекано со нашиот Столе Димитриевски, Валенсија и Бетис, кои досега се пласираа во последната елиминациска фаза во оваа сезона во Купот.