Вчера цел свет остана во шок откако на профилот на легендарниот голман Икер Касилјас се појави статус дека е геј, по што пораката исчезна од Твитер, а потоа пристигна и објаснување од Шпанецот кој кажа дека профилот му бил хакиран.

Веднаш потоа шпанските медиуми објавија дека Касилјас не е геј, туку има атрактивна девојка, која засега ја крие од очите на јавноста по разделбата со Сара Карбонеро.

Нова избраничка на легендата на Реал Мадрид е Алехандра Ониева, која изгледа неверојатно и остава без здив.