Маратонските одлучувачки сетови на Грен слем турнирите заминуваат во историјата. Сите четири турнири заедно решија да воведат продолжен тај-брејк во решавачкиот сет по 6:6 .
Сите четири Гренд Слема заеднички донесоа ново правило во однос на комплетирањето на одлучувачкиот сет. Петтиот во машкиот тенис, а третиот во женскиот тенис веќе нема да се игра до два разлика по 6:6, но се воведува продолжен тај-брејк.
Така, по 6:6 ќе се игра тај-брејк до 10 и на тој начин, доколку ова правило остане на сила, маратонските сетови од неколку часа ќе заминат во историјата кога петтиот сет одеше во двоцифрен број гемови .
„По опсежни консултации со ВТА, АТП, ИТФ и здружението на судии, грен слем комитетот донесе одлука врз основа на силната желба да им даде на правилата на Грен слем поголема конзистентност и да го подобри искуството за играчите и навивачите. – е заедничкото соопштение на Гренд слем организаторите.
Ова правило ќе важи за сите, од квалификации до големи турнири во сите категории – сингл, двојки, инвалидски колички и јуниорски турнири, почнувајќи од Ролан Гарос оваа година.
Дополнително, ќе се игра продолжениот тај-брејк наместо третиот сет во мешани двојки, јуниорски двојки и двојки со инвалидска количка на Ролан Гарос, Австралија Опен и УС Опен, додека на Вимблдон правилата остануваат како и во другите категории.