Финалето на Светскиот скијачки куп се одвива во Куршевел, а првата машка дисциплина која е решена е спустот. Последната победа ја однесе Винсент Крихмајер, но Големиот кристален глобус оди кај Марк Одермат .
Австриецот Винсент Крихмајер е победник на последниот спуст сезонава, кој скијачите го возеа на финалето на Светскиот куп во Куршевел, а Швајцарецот Марко Одермат официјално го освои Големиот кристален глобус освојувајќи го второто место на трката.
Победникот на Олимписките игри во велеслалом, 24-годишниот Одермат го освои Кристалниот глобус за прв пат во својата кариера, наследувајќи го минатогодишниот победник Алексис Пинтуо. Во генералниот пласман, Одермат славеше со недостижни 1.459 бодови на три трки пред крајот, втор е Александар Омод Килде со 1.100 бодови, додека трет е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 874 бодови. Последен Швајцарец кој го освои Кристалниот глобус беше Карло Јанка во 2010 година.
Крихмајер победи во денешниот спуст со време 1:50.43, а Одермат беше втор со 34 стотинки послабо време (1:50.77), а трет беше уште еден Швајцарец Бит Фојз со 54 стотини послабо време (1:50.97).
Норвежанецот Александар Омод Килде го освои четвртото место (85 стотинки заостанување) и го освои Малиот кристален глобус во спуст. Килде во поредокот за спуст води со 620 бодови, 13 повеќе од Фојз, четирикратниот последователен освојубач на малиот глобус во спуст. Италијанецот Доминик Парис го освои третото место во генералниот пласман во спуст со 522 бода.
Утре се возиа супервелеслаломот во Куршевел.
Спуст, Куршевел:
1. Винсент Кричмајер (Аут) 1: 50,43
2. Марко Одермат (Швајцарија) 1: 50,77 +0,34
3. Бит Фојз (Швајцарија) 1: 50,97 + 0,54
4. Александар Омод Килде (Нор)
5. Даниел Хеметсбергер (Аут) 1: 51,74 +1,31