Карим Бензема одигра одличен меч за Реал Мадрид во Суперкупот против Ајнтрахт Франкфурт и постигна еден од головите за победа од 2-0 и освојување на трофејот.

Французинот стигна до бројката од 324 гола за „кралевите“, па така го надмина легендарниот Раул на листата со стрелци и сега се наоѓа на втората позиција.

„За мене сè стана подобро откога си замина Роналдо. Вистина е дека постигна многу повеќе голови, но додека беше тука, Реал имаше друг стил на игра, а јас повеќе асистирав. Навистина ми помогна со неговото заминување. Дојде време да ја променам играта и да станам подобар“, кажа Бензема.