Барселона, Севиља и Атлетико Мадрид договорија големи трансфери во последните моменти од летниот преоден рок.
Францускиот напаѓач Антоан Гризман ја напушти Барселона и се врати во Атлетико Мадрид, клубот во кој играше пред да отиде на „Ноу Камп“. Трансферот се крчкаше цел ден и сега се е договорено, пренесува француски „Екип“ како и голем дел од француските и шпанските медиуми.
Гризман пристигна во Барселона од Атлетико за 120 милиони евра пред две години, а сега би можел да се врати во поранешниот клуб, како позајмен играч.
Испразнетото место на Гризман ќе го пополни напаѓачот на Севиља Лук Де Јонг.