Фудбалерот на Барселона, Роланд Араухо, кој неодамна потпиша нов договор со Каталонците и доби отштетна клаузула од една милијарда евра ги преплаши вечерва сите на „Камп Ноу“ откако се онесвести после судир со глава со својот соиграч Гави, по што со брза помош беше изнесен од домот на каталонската гордост.