Тјери Анри изненади многумина кога го прогласи Денис Бергкамп за најдобар фудбалер со кој делел соблекувална во неговата голема кариера.
Водителот на Си-Би-Ес го прашал легендарниот Французин кој е најдобриот фудбалер со кој играл, а потоа се изненадил кога го слушнал името на Бергкамп. „Дали тоа не е Лионел Меси? праша тој зачудено, а потоа Анри повтори дека тоа е Бергкамп.
Анри освои две титули во англиската лига и три ФА купа со Бергкамп во Арсенал.
“До крајот на животот ќе кажам дека тој е најдобриот партнер што може да го има напаѓачот, тој е остварување на сонот за секој голгетер. Овој човек секогаш го избираше вистинскиот потег. Можеше да постигне гол, да асистира, тој секогаш ја почитуваше играта и се околу себе“, изјави еднаш Анри, кој од Арсенал замина во Барселона каде играше со Меси, Роналдињо, Иниеста, Чави.
Бергкамп ја започна својата кариера во Ајакс, две сезони помина во Интер, а од 1995 до 2005 година го носеше дресот на Арсенал. За лондонскиот клуб постигна 87 голови и 61 асистенција. Тој исто така беше еден од клучните играчи на Холандија на Светското првенство во 1998 година кога Холанѓаните завршија четврти. Љубителите на фудбалот го паметат по неговата беспрекорна техника, одличните дриблинзи и креативноста пред ривалскиот гол.