Горан Пандев се потсетува на деновите кога настапуваше за Интер со кој ја освои историската тројна круна.
На патот до круната во Лигата на шампионите, Мурињо повремено ги користеше Пандев и Ето повлечени, како бекови.
„За да играм во тој тим јас бев подготвен да играм и како бек. Беше малку потешко да го убедиме Ето да го прави тоа, но успеавме. Мурињо зборуваше со сите, еднаш рече: „Ако Ето игра како бек, ќе ја освоиме Лигата на шампионите“. Кога ќе победите, кога ќе играте добро, позициите не се важни“, вели Пандев.
Тој смета дека оваа сезона Наполи ќе го освои Скудетото.
„Наполи може да го освои Скудетото. Мислам дека ова е нивна година“.
„Интер и Милан испуштија многу поени. Има уште доста мечеви, но мислам дека Наполи може да освои. Интер е фаворит, но играат и во Лигата на шампионите. Изгледаат како малку да се уморни. Ако го победеа Милан, можеби ќе беше завршена приказната за Скудетото“.