Славниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор сака да го купи Челзи од Роман Абрамович, Ирецот ќе треба да се здружи со други милионери за да стигне до сумата која ја бара Русинот.

Роман Абрамович синоќа и официјално потврди дека го продава Челзи, се верува дека сумата која ја бара е 3 милијарди фунти.

Конор Мекгрегор веднаш реагираше на социјалните мрежи и објави приватна порака на твитер како му кажува на некој дека Челзи е на продажба и му вели ајде да го купиме.

Конор Мекгрегор е милионер, но не е толку богат, заедно со својата компанија се проценува дека има околу половина милијарда евра. Па за да го купи Челзи ќе треба да биде дел од некој конзорциум на повеќе луѓе.

Ноќеска ирскиот борец имаше уште еден твит поврзан со Челзи, анимација како веќе го купил клубот, разговара на прес-конференција и се запознава со фудбалерите и има конверзација со Роман Абрамович.