Тој во 2019 година дојде меѓу „ѓаволите“ од тимот на Лестер за неверојатни 80 милиони фунти, но воопшто не ги оправда огромните очекувања од него. Изминативе години често беше понижуван од противничките напаѓачи, а неретко повеќе личеше на аматер отколку на скапо платен професионалец. Со својата игра не придонесува одбраната на Јунајтед да биде сигурна колку што сака тренерот Ралф Рангник, поради што во следниот период би можел да биде продаден.
Мегваер сезонава често бил обвинуван за грешките од соиграчите во соблекувалната, поради што има и барање да му се одземе капитенската лента, која со ништо не ја заслужува, иако засега тоа е демантирано од менаџерот на тимот.