Тој беше извонреден во дуелот на португалскиот тим против Фленсбург и еден од најзаслужните што неговиот состав извлече бод (26-26) во пресметката со силниот противник.
Покрај македонскиот голман, во овој идеален тим на колото во ЛШ се најдоа уште и Давид Мандиќ од Загреб, Петар Ненадиќ од Веспрем, Феликс Клар од Монпелје, Харалд Рајнкинд од Кил, Мариус Штајнхаузер од Фленсбург и Мохамед Мамдух од Динамо Букурешт.
Митревски се најде и на Топ 5-листата најдобри голмански интервенции, освојувајќи го четвртото место, со одбраната со која во последните секунди го запре Менсах Ларсен (види ТУКА) и се погрижи Порто да не загуби на гостувањето против Фленсбург.