„Еурохупс“ објави дека Партизан, Валенсија и Виртус ќе играат во Евролигата следната сезона, односно ќе ги преземат местата на ЦСКА, Уникс и Зенит, доколку суспензијата остане да важи.
Од овие три тимови, само ЦСКА има А лиценца за учество во Евролигата, додека Зенит доби специјална покана, а Уникс до елитата стигна преку Еврокупот.