Клаудио Ечевери се истакнува како најголем аргентински талент и тој стана интересен за најголемите европски великани, особено откако самиот фудбалер најави дека не планира да го продолжи договорот со Ривер Плата.
Младиот Клаудио има само 17 години и на 2-ри јануари ќе наполни 18, а тоа значи дека веќе ќе може да потпише со било кој клуб.
Во прв момент како најзаинтересиран клуб за него беше Барселона, но како што јавуваат англиските медиуми, сега најблиску до негов потпис е европскиот шампион Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола и неговите соработници се на добар пат да го повторат рецептот кој се покажа како добитен со Хулијан Алварез, фудбалер кој исто така пристигна од редовите на Ривер Плата. „Атлетик“ информира дека ќе биде употребена истата стратегија и дека Ечевери ќе биде купен уште во јануари, а потоа ќе му биде дозволено да игра во Ривер на позајмица до крајот на сезоната.
Последните вести се дека луѓето од Манчестер веќе се во напредни преговори со Аргентинците, па се очекува да биде постигнат договор за 20 милиони евра.