Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше дел од екипата на Лидс, која ја презема искусниот тренер Марсело Биелса и ја однесе во Премиерлигата. Сепак, Аргентинецот денеска доби отказ по лошите резултати, а нашиот дефанзивец испрати порака до него.
Алиоски неодамна си замина од премиерлигашот и потпиша за Ал-Ахли, но никогаш нема да заборави колку му помогнал Биелса да се развие како фудбалер.
„Засекогаш ќе ти бидам благодарен за тоа што го направи за мене. Ми беше чест да работам и да учам од тебе. Ти благодарам Биелса“, напиша Алиоски.