Денеска e последното коло во Лигата на Европа кое ќе ни даде одговори кои екипи ќе продолжат во наредна фаза, кои во Лигата на конференции и за кои ќе заврши европскиот сон.

Во групата „Ц“, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е најавен како стартер за Наполи кој е домаќин на лидерот Лестер. Во оваа група, ништо не се знае до последниот судиски свиреж бидејќи сите имаат шанса да продолжат понатака, па ќе одлучуваат во директни пресметки.

Наполи со победа може да заврши прв и да оди директно во осминафиналето. Во другиот натпревар Легија е домаќин на Спартак Москва и исто така очекува победа за место во следната фаза.

Standings provided by SofaScore LiveScore