Српскиот тенисер постигна убедлива победа со 2-0, но на Новак Ѓоковиќ не му беше многу лесно во дуелот со Лоренцо Музети.

Најголемите проблеми ги почувсвува на почетокот на вториот сет кога загуби два гема на свој сервис, па почна да урла на своите соработници.

 

„Што правите, луѓе? Што гледате? Кажете ми, кажете ми“, викаше Ѓоковиќ, како и многу пати оваа сезона.

Сепак, потоа направи серија од пет освоени гема и со 6-2 го доби вториот сет со што обезбеди пласман во големото финале.