Во осминафиналето на АТП турнирот во Минхен, данскиот тенисер Холгер Руне го победи Александар Зверев со 2:0 во сетови.
Со оваа победа Руне се пласираше во четвртфиналето каде го чека победникот од дуелот Русувуори и Креси. Ова беше прва средба на овие двајца тенисери. Руне на крајот на април го слави својот деветнаесетти роденден, а ова е најголемата победа во неговата досегашна кариера.
Младиот Данец веднаш го наметна својот ритам на овој меч со одземање на сервисот на Зверев на стартот од мечот. Германскиот тенисер го врати брејкот, но во следниот гем возврати со иста мерка. Во деветтиот гем од првиот сет, Зверев не успеа да казни пет пропуштени сет топки на противникот, со што првиот сет заврши со резултат 6:3.
Во вториот сет Руне беше уште подоминантен. Два пати направи брејк и сетот го доби со резултат 6:2.
Руне моментално е седумдесетти играч на АТП листата, додека Зверев е на 3. место.