Вилата на германскиот фудбалер Шкордан Мустафи била ограбена додека тој бил дома.
Крадците од куќата однеле работи вредни околу еден милион евра, а се работи за пари, часовници, накит, чанти .
Кога крадците слушнале дека Мустафи се разбудил, побегнале од куќата со вредните предмети што ги земале дотогаш.
Мустафи постојано ја покажува својата куќа и колекцијата на спортски автомобили на своите профили на социјалните мрежи, како и мотоциклот за кој бил инспириран гледајќи го Бетмен.
Тој не е единствениот фудбалер кој неодамна е ограбен.
Слична ситуација доживеа и Карим Бензема, а во Англија цел на грабежот беа куќите на Виктор Линделоф и Жоао Кансело.
Триесетгодишниот Мустафи дојде во Леванте од Шалке, а оваа сезона за шпанскиот тим одигра 11 натпревари и постигна еден гол.