Атлетико Мадрид загуби од Барселона со минимален резултат 0-1, а тоа и дефинитивно стави крај на надежите на мадридскиот клуб дека може да се бори за титулата во Ла Лига. „Јорганџиите“ сега имаат 14 бода негатива во однос на каталонскиот гигант.
Поради тоа би требало да донесе и разделба со тренерот Диего Симеоне на крајот од сезоната, иако тој има договор до 2024 година.
Шпанските медиуми веќе го најавуваат и неговиот наследник. Луис Енрике би требало да го замени аргентинскиот стратег Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид. По заминувањето од националниот тим, Луис Енрике сака да му се врати на клупскиот фудбал.
Диего Симеоне е на кормилото на Атлетико Мадрид од 2011 година.