Најдобрите македонски веслачи отпатуваа за Едрене , Турција каде претстојниот викенд на 14 и 15.09.2024 ќе учествуваат на Балканскиот шампонат .
Боите на македонската репрезентација на ова престижно натпреварување ќе ги бранат Климентина Стојмиловска и Ана Прентоска во женска конкуренција , како и Кристијан Китаноски , Леон Шутиноски , Александар Хиохи и Вања Кукунеш во машка конкуренција – сите членови на ВК Црн Дрим од Струга , предводени од тренерите Владимир Голабоски и Никола Мариноски и претседателот на ВФМ , др. Здравко Голабоски .
Покрај нашата репрезентација на ова првенство ќе учествуваат и најдобрите млади веслачи од домаќинот репрезентацијата на Турција , потоа Романија , Грција , Бугарија , Хрватска , Босна и Херцеговина и Србија .
На македонските веслачи им посакуваме многу среќа и успех во Едрене .