Веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга изминатиот викенд (21-22.09.2024) учествуваше на меѓународната веслачка регата во Пловдив , Бугарија и успеа да освои две сребрени медаљи во силна конкурeнција .

-Ана Прентоска го освои второто место во дисциплината 1×KJW , заостанувајќи само 29 стотинки зад првопласираната Велева од Пловдив

-Мина Краљ и Јана Танаскоска на своето деби на меѓународните натпреварувања го освоија одличното второ место во дисциплината 2×GU

-Вања Кукунеш/Цвете Димоски , 4 место во дисциплината 2×JMB

-Климентима Стојмиловска , 6 место во дисциплината 1×JW

– Леон Шутиноски/Александар Хиохи , 9 место во дисциплината 2×KJM

-Кристијан Китаноски , 11 место во дисциплината 1×JM

Струшките веслачи во Пловдив беа предводени од тренерот Владимир Голабоски и претседателот на клубот Здравко Голабоски

Покрај нашиот претставник ВК Црн Дрим , на оваа меѓународна екипа настапија и екипите на ВК Пловдив , ВК Тракија , ВК Черпоков , ВК Черно Море , ВК Хеброс , ВК ЦСКА и ВК Палич