Победа и Беласица некогашните стандардни прволигаши со победи ја почнаа новата второлигашка сезона на Истокот, и најавуваат дека ќе бидат сериозни кандидати за промоција во најквалитетната лига кај нас.

Победа со пресврт дојде до победата од 2-1 на домашен терен против Кит Го, додека Беласица, пак со 0-2 триумфираше на гостувањето против Детонит јуниор.

Убедлива гостинска победа запиша и Каменица Саса од 1-4 на гостувањето против Осогово во Кочани.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (1. КОЛО)
Победа – Кит Го 2-1
Детонит јуниор – Беласица 0-2
Локомотива Градско – Кожуф 0-2
Осогово – Каменица Саса 1-4
Слога Виница – Братство Житоше 1-0