Екипата на Астон Вила со 2-1 го доби првиот четвртфинален дуел против Лил во Конференциската лига, додека Клуб Бриж на свој терен минимално со 1-0 славеше над ПАОК.
Оли Воткинс во 13. минута донесе водство за Астон Вила во пресметката против Лил. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По 11 минути игра во вториот дел Мегин реализираше за зголемување на водството на Астон Вила на 2-0.
Во 84. минута Лил постигна гол преку Диаките за ублажување на поразот и надеж дека може да се сврти резултатот во реваншот.
Клуб Бриж го искористи домашниот терен, со минималната победа против грчки ПАОК (1-0). Со раниот погодок на Ветлесен навивачите на „Јан Брејдел“ беа спокојни. Во вториот дел Тиаго имаше шанса да зголеми на 2-0 од белата точка, ама не реализира најстрога казна.