Египет е третиот полуфиналист на Африканскиот куп на нации. Откако Камерун и Буркина Фасо вчера се пласираа во полуфиналето, Египет го стори тоа денеска со победата против Мароко по продолженија од 2:1 на крилата на нивниот капитен Мохамед Салах. Египет во полуфиналето ќе игра против домаќинот Камерун.
Иако Мароко поведе во седмата минута од пенал преку Софијане Буфал, Египет успеа да израмни во 53. минута преку Мохамед Салах.
Во продолжениоето од наптреварот падна победничкиот гол во 100. минута. Салах извонредно ја проби десната страна и со прецизно додавање го пронајде Трезеге на втората статива и немаше тешка задача да погоди за 2:1 и полуфиналето на Купот на нации.