Борнмут направи голем исчекор во борбата за опстанок откако го победи Ливерпул на домашен терен со 1-0. Со тоа и го избегна дното на табелата во Премиер – лигата.
Само неколку дена откако тимот на Јирген Клоп го победи Манчестер Јунајтед со 7-0, сега беше шокиран со поразот од Борнмут и заостанува во трката за пласман во ЛШ.
Филип Билинг во 28.минута го надмудри Алисон Бекер за водство на Борнмут, а Мохамед Салах во 69.минута не успеа да реализира пенал.
Борнмут сега дојде до 24 бода на 16-то место, два бода од првиот во опасната зона Лидс и претпоследниот Евертон, кои имаат по 22 бода. Ливерпул, пак, остана на петтото место со 42 бода, три помалку од Тотенхем кој е четврти во трката за место во ЛШ.