Реал Мадрид со победа над Еспањол од 3-1, стартува во седмицата во која Кралскиот клуб има дуели со Ливерпул и Барселона.
Иако без капитенот Карим Бензема, Реал уште во првото полувреме направи пресврт после раното водство на гостите. Клучниот гол за 2-1 го даде Едер Милитао, кој сезонава е најефикасен во Ла Лига според головите со глава, а асистент при тој гол беше Чуамени кој одлично нафрли со надворешниот дел од копачката.
Еспањол поведе преку Жоселу со гол во осмата, а израмни Винисиус Жуниор во 22-та минута, па во вториот дел дури во судиското надополнување Марко Асенсио, даде трет гол за да ја запечати победата.
Реал низ историјата на меѓусебните дуели има дадено 390 голови против Еспањол и тоа е рекорд во меѓусебните дуели на било кои два клуба во шпанското првенство.
Погледнете ја асистенцијата со надворешна на Чуамени и езекуцијата на Милитао за 2-1:
https://twitter.com/Reinaldodcg9/status/1634550516028960768?s=20Кралевите“ дојдоа до 17-от триумф и сега имаат 56 бода, шест помалку од Барселона, која има и меч помалку, додека Еспањол со десеттиот пораз остана на 27 бода на 13-та позиција на табелата, само два бода во многу тесната и жестока битка за опстанокот.