Лидерот на репрезентацијата во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24 меѓу редови потенцира дека не му е баш сеедно што беше игнориран од луѓето кои го предводат македонскиот фудбал, за кои смета дека треба да бидат сменети.
„Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме“, изјави Пандев.
Големиот фудбалер смета дека во македонскиот фудбал има премногу политика, што влијае и врз резултатите.
„Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот“, дополнува Пандев.
Повеќе за размислувањата на најдобриот на сите времиња кај нас прочитајте ТУКА.