Роберт Левандовски, асот на Баерн е првата мета на Манчестер Јунајтед за летниот преоден рок.
Својот статус на најдобар напаѓач во Европа, одличниот Полјак го потврди и со хет-трик во осминафиналето против Салцбург.
Сепак, според Билд, постојат одредени проблеми во односот меѓу раководството на клубот од Минхен и Левандовски. Полјакот не е задоволен од понудата за продолжување на договорот, а Баерн од друга страна има јасна политика да не сака да преплаќа играчи.
Сега на ред е Баерн. Доколку условите кои ги нуди не го задоволат Левандовски, постои можност среќата да ја најде во Манчестер Јунајтед.