Оливие Жиру се доближува до рекордот на Тиери Анри по бројот на постигнати голови за„триколорите“ откако вечерва погоди за селекцијата на Франција во триумфот (2-1) против Брегот на Слоновата Коска. Тој погоди во 22.минута и израмни на 1-1 откако три минути претходно Николас Пепе беше стрелец за гостите.
Дуелот во Марсеј беше решен во судиското продолжение кога Аурелиен Чуамени постигна гол за триумф на Французите.