Македонија е светски хит откако во Палермо ги потопи Апенините со торпедото на Александар Трајковски во судиското продолжение. Плејмеркерот Енис Барди, еден од клучните фудбалери во македонскиот состав, нема зборови како да го опише новиот историски триумф, ама пред Португалија има една порака – ако победиме веднаш нека ни ја дадат светската круна.
„Немавме среќа на ждрепката кога паднавме во најтешката група, ама ние сме горд тим, кој верува во сѐ што прави. Да ја победиш Италија на домашен терен е нешто неверојатно, а сега ни доаѓа Португалија, исто така на нивен терен, ама мора да веруваме дека можеме. Фудбал се игра 90 минути, сѐ може да се случи, илјада работи може да се случат. Така да, ако ја победиме Португалија, нека ми го дадат пехарот и ќе си одам дома. Нема потреба да одам во Катар, ќе си седам во Македонија“, вели на шега Барди после епската победа и во пресрет на големото финале.
Фудбалерот на Леванте, кој од 2017 година е дел од шпанската Ла Лига нема објаснување за тоа што се случи на „Ренцо Барбера“.
„Ова е победа за која нема објаснување. Очекувавме ваков меч, се браневме цело време на крај дојде гол во најдобар можен момент во 92-та минута. Полудевме од среќа, ќе го превртевме и автобусот“, додава Барди.
Македонија вчера се врати од Палермо, почнува финалната операција за Порто, а утре репрезентацијата заминува за Порто , повторно ќе бидеме аутсајдери, но храброста и срцето ќе го надополнуваат секој недостаток и секоја предност на индивидуален план што ја имаат Португалцитеот.