„Комити“ најавија дека ќе ја прослават својата 35-годишнина од постоењето, на трибините во СЦ „Јане Сандански“ во сабота на дуелот со Еурофарм Пелистер. Очекуваат заедно со играчите и сите други навивачи, симпатизери и поддржувачи на Вардар да направат атмосфера во која ќе се радуваат на победата.
„Се надеваме на полна сала в сабота. Вардар е симбол на градот. Среќни сме што имаме достоен ривал во лигата, што не било случај одамна. Победа во дербито ќе ни значи повеќе, бидејќи ќе биде крупен исчекор кон титулата. Ги повикуваме сите „Комити“ да се приклучат и заедно годинава да ја славиме 35-годишнината“, кажа Милорад Миленковски, претставникот на „Комити“ кој заедно со играчите и тренерот Дејвис го најавија саботниот дуел.
Ова ќе биде спектакуларно дерби со полн сјај, покрај „Комитите“, најавено е и гостување на „Чкембарите“ од Битола.