Шампионот на Шпанија, Барселона ја победи Мајорка на „Камп Ноу“ и се беше во знакот на Серхио Бускетс и Жорди Алба кои за последен пат заиграа на домашен терен, но славеничкото расположение беше расипано само поради еден навистина лош момент во првиот дел.
Чави Ернандес експресно се налути и не можеше да пронајде утеха во црвениот картон кој го заработи ривалот, а по натпреварот потврди дека Балде ќе мора да паузира најмалку седум седмици.
– Фудбалот знае да биде суров, но навистина се налутив за Балде. Тоа беше старт без никаков резон, надвор од место и играчите треба да се контролираат. Единствено добро е што не е најтешка можна повреда. Ќе биде во аут шест или седум недели и паузата ќе ја искористи за рехабилитација, – изјави Чави.