Пари Сен Жермен загуби со 1-3 од Тулуз на прошталниот натпревар на Килијан Мбапе со фановите на „Паркот на принцовите“. Тоа беше последен натпревар на Мбапе во Париз пред заминувањето од клубот, а фановите му приредија прекрасна кореографија.
https://twitter.com/i/status/1789735694576824442
Тој се оддолжи со гол, откако погоди за водство на ПСЖ во осмата минута. Сепак, Даилинга израмни само пет минути подоцна, а Гбохо и Магри беа стрелци за триумф на Тулуз.
Лион го победи Клермон на гости со 0-1, а Олимпик Марсеј славеше против Лориен со 3-1. Монако го победи Монпелје на гости со 0-2, Стразбур беше подобар од Мец со 2-1.
Лил оствари важна победа (1-2) на гости против Нант и го држи чекорот за ЛШ.