Симон Џордан, поранешниот сопственик на Кристал Палас, жестоко одговори на поплаките на фудбалската елита за згуснатиот распоред во календарот. Меѓу оние кои најмногу се пожалија на затегнатоста на натпреварите беа Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, на кои им пречи што нивните тимови треба да одиграат четири натпревари во 11 или 12 дена оваа празнична сезона.
Џордан го коментираше сето ова, велејќи дека тие двајца се „проклето среќни“ и дека „без фудбал ќе работат во Мекдоналдс“.
„Доста. Играјте ја проклетата игра, почнете да бидете играчи. Ви е дадено премногу, а повеќето играчи што ги знам сакаат да играат во секакви услови. Не знам какви луѓе тренираме, но јас мислам дека се млаки. Не можам повеќе. Покажете карактер, направете го тоа.“, изјави Џордан и додаде:
„Да немаше фудбал, половина од вас ќе работеа во Мекдоналдс. Заработувате по 10 милиони годишно и само кукате.
„Сите ја разбираме динамиката на оваа игра и во еден момент од годината се игра за публиката. Ова е моментот и на луѓето им се допаѓа традицијата на играње игри во овој период. Дали заборавивте за кого сте тука? Десетици милиони секоја година“, заврши тој.