Торино со 1-0 ја победи Болоња во натпревар од Серија А, на тренерот Иван Јуриќ му се закануваше отказ, но овие три бода сигурно ќе ја одложат таквата одлука.
Торино на последните три меча имаше освоено само еден бод, а Болоња пристигна во одлична форма.
Сепак екипата на Торино со гол на Карамо во 22. минута дојде до водство од 1-0 кое беше и конечен резултат на мечот.