Нашиот Андреј Јакимовски се прослави во колеџ лига на Америка како член на Вашингтон Стејт, но македонскиот репрезентативец сега се прикажа во извонредно светло и на стартот на новата авантура во Коларадо.
Јакимовски беше испратен од Вашингтон со сите почести, меѓутоа неговиот пат во Америка не застана тука, бидејќи Колорадо реши да го вброи Македонецот во својоте потесен ростер.
Нашиот претставник во НЦАА лигата имаше извонредно деби за Колорадо во победата над Ист Вашингтон со 76:56, вбројувајќи се меѓу најдобрите на паркетот.
Јакимовски постигна 11 поени на својот прв настап во НЦАА лигата и беше еден од четворицата играчи на Колорадо кои беа двоцифрени.
Македонскиот кошаркар покажа добар дел од својот шутерски репертоар, а по една тројка, беше истакнат како „убиец“ за удари од дистанца од страна на новинарот на „ЕСПН“.
https://twitter.com/i/status/1853635678434668975